Битола после 18 години повторно се радува на шампионска титула во македонскиот ракомет. Еурофарм Пелистер е на тронот по долг пост, а хероите кои се вратија од Охрид со трите бода и ја осигураа титулата, Битола знаеше како да ги награди.
View this post on Instagram
Верните навивачи на „зелено-белите“ спонтано се организираа да ги поздрават новите ракометни шампиони. Навивачки групи ги застануваа пелистерци уште додека беа на пат кон Битола, а слајвето кулминираше во градот на конзулите, каде ги пречека неколку стотици ракометни фанови кои сакаа да ја споделат радоста со своите нови ракометни јунаци.
21.05.2022 Ќе биде запишан со златни букви во историјата на Еурофарм Пелистер и во срцата на сите ракометни вљубеници кои денес гордо ги носат „зелено-белите“ бои…
Свечена е ноќта во Битола, победата над Охрид и новата шампионска титула ќе се слават уште долго, како увертира за големата свеченост во сабота и пристигнување на долгоочекуваниот трофеј во клупските витрини.