Двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, денес со екипата на Коњалти ќе ја започнат битката за пласман во финалето од турскиот шампионат.
Коњалти за противник во полуфиналето од плеј-оф фазата го има незгодниот тим на Измир, во кој настапува екс ракометарката на Кометал ЃП, Јелез Озел.
Измир на денешниот натпревар ќе биде домаќин, додека реванш дуелот ќе се одигра на 23 мај во Коњалти.
Актуелниот шампион Кастамону во второто полуфинале ќе се сретне со Јаликавак.
Денес ќе се игра во уште неколку европски шампионати, интересни дуели се очекуваат во Словенија, Русија и Франција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 ИЗМИР – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
16:00 ДИНАМО – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
18:00 ЛОКА – ГОРЕЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:00 ЧЕГЛЕДИ – ФТЦ (УНГАРИЈА)
18:00 СТАВРОПОЛ – ПЕРМ (РУСИЈА)
18:15 МАРИБОР – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
18:30 ТАТАБАЊА – НЕКА (УНГАРИЈА)
18:30 ЗЕНИТ – САРАТОВ (РУСИЈА)
19:00 ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ЦСКА (РУСИЈА)
19:00 ЦЕЛЈЕ – КРШКО (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ТРЕБЊЕ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – ИСТР (ФРАНЦИЈА)
20:15 СТОРХАМАР – СОЛА (НОРВЕШКА)
20:30 СЕЛЕСТ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ГВАДАЛАХАРА – АНАИТАСУНА (ШПАНИЈА)
20:30 НИЦА – МЕЦ (ФРАНЦИЈА)