Наумовски даде 13 гола, Металург РА рутински против Македонија ЃП

Екипата на Металург РА предводена од Дамјан Наумовски стигна до победа против Македонија ЃП со 36:28 во натпревар од прволигашкиот плеј-оф.

Бидејќи двете екипи не се во игра за горниот дел на табелата во плеј-оф фазата, овој натпревар немаше никакво резултатско значење.

Тимот од Автокоманда дуелот го доби уште во првото полувреме, на пауза замина со пет гола разлика, 18:13, и во второто полувреме многу лесно наоѓаше пукнатина во одбраната на домаќините.

Предводник во победничката екипа беше сѐ подобриот Дамјан Наумовски. Битолчанецот на денешниот дуел постигна 13 погодоци.

Кај Македонија ЃП листата на стрелци беше предводена од Максимилијан Ѓиноски и Лука Трифуновски. Двајцата ракометари постигнаа по седум погодоци во мрежата на гостите.