Поранешниот учесник во Лигата на шампионите, екипата на Икаст, ја освои титулата во Лига на Европа во натпреварувачката сезона 2022/23. Ланската сезона титулата во Лига на Европа ја освои Битингхјам.
Токму во данското финале меѓу Икаст и Никобинг изостанаа возбудувањата, бидејќи екипата на Икаст лесно дојде до победа од 31:24.
Никобинг успеа да парира само во првите 30 минути, на полувреме замина со минимална предност од 15:14, но во вториот дел целосно потфрли.
Победничката екипа беше предводена од левото крило Ема Фрис. Репрезентативката на Данска беше незапирлива на теренот и постигна 11 погодоци од 12 обиди.
Во натпреварот за трето место се сретнаа двете бундеслигашки екипи – Турингер и Борусија Дортмунд.
Бронзата ја освои екипата на Борусија Дортмунд, која против Турингер триумфираше со 28:23 (11:10).