Кил ослабен против ПСЖ

Денеска стартува борбата за завршниот турнир во Лигата на шампионите, а на мегдан ќе бидат Кил и ПСЖ.

Бундеслигашот ќе биде ослабен за дуелот со тимот на Раул Гонзалес, бидејќи заврши сезоната за левиот бек Ерик Јохансон.

Тој ја повреди левата рака, мораше на операција и за него сезоната заврши, па Јиха ќе мора повеќе да го користи Никола Билик.

Тренерот на Кил во ростерот нема да го има ниту десниот бек Штефан Вајнхолд, бидејќи и за него заврши сезоната од поодамна.