По елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на Европа од германскиот Гепинген, тимот на Нексе Нашице доживеа уште едно разочарување.
Избраниците на Бранко Тамше беа елиминирани во четвртфиналето на Купот на Хрватска, по поразот на домашен терен од Сесвете со 30-29.
Иако Нексе имаше водство во вториот дел од три гола, 21-18, сепак на крајот мораше да се помири со пораз по драматичниот финиш.
Сега патот на Загреб до трофеј во Купот на Хрватска му е отворен, бидејќи покрај Сесвете, на Ф4 во Пореч ќе играат уште Трогир и Бјеловар.
За Нексе останува битката за шампионската титула со Загреб, а претходно треба да се одигра вториот нивен меѓусебен дуел в недела од регуларниот дел на сезоната.