Иако Македонија победи, 30-27 против Турција и нашата репрезентација се пласираше на ЕП 2024 година во Германија, селекторот Кирил Лазаров најави дека во инина ќе има промени во репрезентацијата.
„Увидов на некои работи. Во иднина треба добро да размислам кого ќе повикам во репрезентација. Им давам шанса на сите и во иднина ми се отворија повеќе очите, Работи што се повторуваат треба да се решаваат, најави Лазаров без да потенцира на што конкретно мисли.
Македонија беше фаворит против Турција, особено што на првиот меч лесно победивме со 36-27. Но, во Скопје се намачивме за да победиме.
„Ние бевме фаворити на хартија, и сме уште сме фаворити. Но, ова не иста Турција што игравме таму. Последните два ден бев нервозен, не бевме фокусирани и сконцентрирани. Мислевме дека се е завршено. Против секој противник треба да бидеме мотивирани. Задоволен сум како го направивме пресвртот во играта. Тоа е одлика на големи екипи, изјави Лазаров.
Талески: Можеби потешко од очекуваното, ама целта е остварена
Еве ги шеширите пред ждрепката – како котира Македонија и кои се можните ривали