Еве ги шеширите пред ждрепката – како котира Македонија и кои се можните ривали

Машката репрезентација на Македонија го освои второто место во квалификациската група за пласман на ЕП 2024 година во Германија, по победата над Турција со 30-27.

Тоа носи место во третиот шешир пред ждрепката за групите на континенталниот собир, на кој ќе играме во јануари следната година.

Од сите шешири ќе добиеме силни ривали, па дури и од четвртиот каде што има неколку незгодни репрезентации.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 10 мај, а официјалното рангирање треба да го потврди ЕХФ наредните денови.

Шешири пред ждрепката за ЕП 2024:

шешир 1: Франција, Шпанија, Исланд, Норвешка, Шведска, Данска
шешир 2: Германија, Португалија, Австрија, Словенија, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска
шешир 4: Швајцарија, Романија, Грција, Црна Гора, Фарски Острови, Грузија