Талески: Можеби потешко од очекуваното, ама целта е остварена

Се мачеше Македонија на последниот меч на домашен терен против Турција, иако „црвено-жолтите“ победија со 30-27. По ремито на полувреме 15-15, во вториот дел Турција доминираа се до последните седум минути. Тогаш на сцена стапи Марко Митев со четири гола, кога дојде и пресвртот.

Бековите имаа тешка задача на мечот, да го пробијат бедемот на Турција. По повредата на Филип Кузмановски, голем дел од товарот беше на плеќите на Филип Талески. Мечот го заврши со 2 гола од седум обиди.

„Целта е остварена, можеби потешко од очекуавното, повторно сме на ЕП. За нас е тоа е стратегија што ја гради селекторот, да го задржиме континуитетот. Полека полека е сменета генерацијата, и ние сме тие што играме. Мислам дека со квалитетна работа можеме да напредуваме, изјави Талески по мечот.

Македонија веројатно од третиот барабан ќе ја чека ждрепката за ЕП. Таа ќе биде на 10 мај. За Македонија ова е осмо учество на ЕП.

Еве ги шеширите пред ждрепката – како котира Македонија и кои се можните ривали

 

„Џокерот“ Марко Митев со четири гола по ред ја реши Турција