Полскиот првак Келце денеска ги пушти во продажба билетите за дербито против Висла Плоцк и сите беа продадени за 18 минути.
Во продажба беа 2.500 билети, а 400 беа препуштени на гостите од Плоцк, за мечот што се игра на 21 мај. Максималниот капацитет на салата „Легионово“ е 4.200 гледачи и нема сомнеж дека ќе биде исполнета до крај.
„Светата војна“ во Полска ќе го даде шампионот, а на првиот натпревар меѓу овие две екипи славеше Висла Плоцк со 29-27.
До крајот на полското првенство има 2 кола, а пред големото дерби Келце ќе игра на гости кај Унија Тарнов, а Висла Плоцк игра дома со Остров Веикополски.
Во меѓувреме двете екипи ќе играат и во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Келце против Веспрем, а Висла Плоцк против Магдебург.