Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев, дефинитивно нема среќа во оваа сезона.
Искусниот голман во месец декември имаше повреда на лигаментите на стопалото и поради тоа пропушти дел од натпреварите на Светското првенство 2023, кое се одржуваше во Полска и Унгарија.
Членот на Фуксе Берлин минатата недела на реванш дуелот против Кадетен Шафхаузен од Лига на Европа повторно го повреди стопалото откако во две ситуации се судрии со противничките ракометари.
За сега сѐ уште не е познато колку ќе трае паузата на српскиот репрезентативец. Неизвесно е дали тој ќе биде во комбинација за реванш дуелите против Финска и Словачка во рамки од квалификациите за Европското првенство 2024, но со оглед на тоа дека Србија има обезбедено пласман, најверојатно селекторот Херона нема да ризикува.
Милосављев „прати“ двајца ривали во болница, се повреди и доби црвен картон (ВИДЕО)