Селекторот Кире Лазаров денеска ќе ја има прозивката со националниот тим на Македонија пред последните две кола од квалификациите за ЕП 2024 година.
Лазаров на скратениот список имаше 21 ракометар, но по повредата во петокот на мечот со Охрид, од комбинација отпадна пивотот на Алкалоид, Костадин Петров.
Но нема простор за паника, бидејќи на списокот се уште четворица ракометари – Стојковиќ, Пешевски, Аларов и Маркоски.
На денешниот собир ќе бидат присутни сите ракометари од домашното првенство, а единствено ќе доцнат Никола Митревски и Филип Кузмановски, кои денеска имаат натпревари во Португалија и Германија.
Македонија во среда гостува кај Луксембург, додека во последното коло ја пречекува Турција на 30 април.