Тимот на Бургос, каде што игра македонскиот интернационалец Стефан Трпчевски, направи чекор назад во битката за Асобал лигата.
Бургос на домашен терен загуби со 41-37 од Сиудад Реал, некогашниот гигант во шпанскиот и европскиот ракомет.
Македонскиот десен бек реализираше три пати на овој натпревар од плеј-офот за Асобал лигата.
Бургос има 5 бодови, седум помалку од третопласираниот тим на Новас, а тоа е последното место што води во Асобал лигата.
Следен предизвик за Трпчевски и Бургос ќе биде гостувањето кај Малага.