Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, го објави скратениот список за натпреварите против Белгија и Грција од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Перковац не смета на Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, го нема ниту Звонимир Срна, а во спореедба со претходната акција ги нема ниту Мате Шуњиќ и Лука Степанчиќ.
Тие двајца ќе бидат во резерви, во случај да откаже некој од првично повиканите 19 ракометари.
По подолго време се враќа Марин Шипиќ, а откако го пропушти првиот собир под водство на Перковац, се враќа и Лука Циндриќ.
Хрватска, која е втора на табелата ја чекаат средби на гости кај Грција и на домашен терен против Белгија, но ако Холандија, која е прва на табелата слави против овие два ривали, тогаш ќе остане на првата позиција.