Селекцијата на Чешка е втората европска селекција што обезбеди место на Мундијалот 2023 година преку бараж средбите.
Чехинките под водство на норвешкиот стратег Бент Дал, ја елиминираа Швајцарија со две победи.
На гости славеа со 32-31, а пред полните трибини во Брно, Маркета Јерабкова и колешките славеа со убедливи 36-27.
Претходно Украина беше подобра од Македонија во двата меча, во Скопје славеше со 24-22, додека во Кишварда беше 31-22.
Денеска и утре ќе бидат одиграни уште осум бараж средби по што ќе бидат комплетирани учесниците од европскиот континент.