Матеја Серафимова не мрда од Австрија – потпиша нов договор со Штокерау

Македонската голманка Матеја Серафимова потпиша нов договор со нејзината актуелна екипа Штокерау.

Серафимова се обврза на нова соработка и ќе остане во австрискиот тим и во наредните две сезони.

Таа ја игра втората сезона во Австрија, откако претходно настапуваше за составот на Егенбург, а со Штокерау оваа сезона беше дел и од Европскиот Куп.

Голманката ја започна својата кариера во редовите на Металург, а има големо искуство низ настапите во Европа.

По Металург беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган.