Тимот на Партизан Гевгелија славеше над Текстилец со 31-28 во натпревар од третото коло во прволигашкиот плеј-аут.
Избраниците на Зоран Кајтазов водеа во повеќе наврати со три гола разлика во првиот дел, но во финишот штипјани за прв и последен пат поведоа со 16-15, резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме, гевгеличани направија пресврт и поведоа со плус три, 20-17, па иако гостите беа секогаш блиску резултатски, не успеваа да се вратат во игра за позитивен резултат.
Домашните само рутински го довршија мечот за победа со 31-28. Предводници на Партизан беа Минов со осум и Лисичков со седум гола, додека кај Текстилец се истакна Петров со 12 погодоци.