Скапиот дански проект наречен Алборг ќе мора да почека најмалку до следната сезона за да го исплати вложеното и покаже квалитетот, бидејќи актуелниот шампион ГОГ Гудме ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот му припадна на домаќинот, ГОГ Гудме со 32-24 со што ја надополнија негативата од првиот меч кога Алборг победи со два гола.
Во четвртфиналето на 10 или 11 мај Гудме ќе игра против Барселона за пласман на Ф4, а овој резултат на Данците е најдобра во нивната клупска историја.
На реваншот во Одензе, каде ГОГ Гудме го играше својот домашен дуел недоставуваа ѕвездите на гостите. Ги немаше Лукас Сандел, Јеспер Нилсен, Арон Палмарсон и Микел Хансен во тимот на Алборг и тоа видно се одрази на резултатот бидејќи во
Уште од самиот почеток на средбата Гудме поведе со 5-1 како најава дека се подготвени да го искористат домашниот терен за потребната победа од најмалку три гола. Алборг иако имаше почетен грч, успеа од негатива 9-3 во14 минута дојде до 10-8 во 20 минута. Но, не успеа да направи поголем пресврт бидејќи домашните ракометари преку Питлик и Мадсен зголемија на 12-8. На полувреме Гудме имаше „плус 4′ за водство 15-11.
Слично беше и во вториот дел бидејќи Алборг повторно дојде на „минус 2“ (18-16), и повторно Гудме со добра серија не само што резултатски избега на 24-16 туку и го „олади“ Алборг дека може нешто да направи. До крајот само беше рутина за домашните ракометари.
Кај домашните ракометари Симон Питлик постигна 8 гола, а по седум голови дадоа Емил Мадсен и Лукас Јоргенсен. Кај гостите Феликс Клар даде 6 гола, а Виктор Клове даде пет гола.