Официјалниот сајт на шпанскиот тим Бургос објави за договорената соработка со новиот стратег.
Тимот во кој настапува македонскиот десен бек Стефан Трпчевски доби тренер со искуство од Бундес лигата.
Станува збор за 38-годишниот Рој Санчес, кој на стартот на сезоната работеше во бундеслигашот Штутгарт.
По лошиот старт на екипата во најсилното првенство во Европа, Санчес доби отказ, па сега се враќа во татковината.
Бургос игра во плеј-офот за место во Асобал лигата и е многу блиску до елитното шпанско друштво.