Хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ, кој настапува во Мелсунген, би можел да си замине од тимот на Роберто Гарсија Парондо, но да остане во најсилната лига на светот.
Според пишувањата на германскиот медиум „Mannheimer Morgena”, Мартиновиќ“ е блиску до трансфер во Рајн Некар.
Хрватот има актуелен договор со Мелсунген и најверојатно тимот од Манхајм ќе го засили следното лето, односно во натпреварувачката сезона 2024/25.
Моментално во Рајн Некар настапува неговиот репрезентативен колега Халил Јагањац, додека дел од стручниот штаб на ,,лавовите” е Драган Јерковиќ кој работи со голманите.
Мартиновиќ во Мелсунген пристигна од редовите на Хановер во текот на 2021 година. Десниот бек претходно настапуваше за Гумерзбах и Фајверс од Австрија.