Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има двајца ракометари на Вардар и по еден ракометар од Куманово, Јуниор КВ, Струга, Голден Арт и Алкалоид…
За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 31-24
ПРОЛЕТ – ОХРИД 27-26
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 30-26
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-19
ВАРДАР НЕГОТИНО – СТРУГА 25-26
КУМАНОВО – СКОПЈЕ 33-25
ЈУНИОР КВ – ПРИЛЕП 27-26
ГОЛДЕН АРТ – РАДОВИШ 36-23
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Мартин Томовски (Вардар) – Голманот на „црвено-црните“ беше меѓу клучните играчи во дерби триумфот над Еурофарм Пелистер.
Лево крило: Дејан Манасков (Вардар) – Левото крило со седум гола го водеше шампионот до победа над битолчани.
Лев бек: Христијан Милошески (Голден Арт) – Прилепчанецот со десет гола го водеше неговиот тим кон трите бода на мечот со Радовиш.
Среден бек: Петар Бугариновиќ (Струга) – Српскиот плејмејкер беше најдобар стрелец со десет гола во првата плеј-аут победа на Струга.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Серафимов имаше одлична партија против Бутел, иако шутираше само пенали, сепак беше непогрешлив.
Десно крило: Стефан Крстески (Јуниор КВ) – Десното крило беше меѓу предводниците во важниот триумф над прилепчани.
Пивот: Зоран Ѓурковиќ (Куманово) – Кружниот напаѓач на кумановци даде голем придонес во петтата победа на исто толку натпревари.