Репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски заедно со екипата на Вецлар се радуваа на важен триумф против Штутгарт од 30:28 во натпревар од Бундес лигата.
Битолчанецот во победничката екипа беше стрелец на два погодоци и при крајот од дуелот мораше да се пресели на трибините поради црвениот картон.
Вецлар со новата победа стигна до 11 бодови на свое конто и моментално се наоѓа на 16. позиција на табелата, односно едно место погоре од опасната зона за испаѓање.
Во следното, 25. коло од Бундес лигата, тимот на Вецлар ќе атакува на нова победа, на домашен терен ќе го пречека Минден.