Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, кој оваа сезона има двојна улога во австрискиот второлигаш Холабрун, заработи сериозна повреда на раката на мечот со Ацгерсдорф, објави неговиот тим.
Тој во финишот во борба за топка незгодно ја повредил раката и завршил во болница, па неговите соиграчи мораа без Македонецот да го довршат мечот што го добија со 28-25.
Митков беше најдобар стрелец на мечот и постигна седум гола од 11 обиди за победничката екипа, но нема по добро да го памети овој натпревар.
Македонскиот интернационалец долги години е член на австриски екипи, а игра во одлична форма и на 41 година и се наоѓа при врвот на листата на стрелци во Втората лига на Австрија.