Македонската репрезентативка Јована Кипријановска имаше значајна улога во новиот триумф на нејзиниот тим Ле Самбр Авенуа.
Ле Самбр Авенуа на домашен терен беше подобар од составот на Ним Метропол со 31-27, откако и на полувреме водеше со 15-14.
Кипријановска беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна пет погодоци, а имаше и едно ислучување.
Ле Самбр Авенуа сега е на петтото место со 40 бодови, додека Стела Сен Маур која е прва има 47, што значи дека борбата за место во елитата допрва се разгорува.
Кипријановска и нејзиниот тим гостуваат кај Клермон следниот викенд, по што ќе следува репрезентативната пауза и баражите за СП.