Капитенот на машката репрезентација, Никола Митревски, продолжува со фантастичните партии во португалскиот шампионат.
Порто славеше убедливо дома против Санто Тирсо со 42-26 во натпреварот од 18 коло, а Митревски бранеше во второто полувреме.
Тој одбрани 10 од 22 удари на противниците за триесетина минути и имаше процент на успешност од 45%.
Претходниот натпревар Митревски имаше сличен учинок и ја продолжува одличната форма пред последните репрезентативни натпревари во април од квалификациите за ЕП.
Порто сега има 51 бод на втората позиција, исто колку и Бенфика на третото место, додека прв е Спортинг со 52 и битката за титулата ќе биде максимално интересна.