Тимот на Овче Поле прослави убедлива победа во првото коло од плеј-аутот од Првата лига над аутсајдерот Борец со 39-16.
Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога ракометарите од Свети Николе направија залиха од 12 гола, 18-6.
Во вториот дел беа уште порасположени во нападот и постигнаа 21 погодок во мрежата на велешани.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Бојан Гичев со десет гола, а по четири дадоа Даскалов, Цековски и Коцевски.
Во редовите на Борец се истакна Леон Ристов со седум погодоци.