Предводен од Сара Трајков и Мила Мемов, кои искомбинираа 20 гола, тимот на Шампион оствари убедлива победа на гостувањето кај Кузман Вардар со 32-22, во натпревар од 2 коло во плеј-аутот од Женската лига.
Почетокот им припадна на гостинките, кои отворија со водство од 9-0, и сите што помислија дека уште по десетина минути ќе го решат победникот, се излажаа. Кузман Вардар успеа да намали на минус еден, 10-9, но потоа следуваше огромен пад во нивната игра.
Кога требаше комплетно да се вратат во игра, делуваа безидејно во нападот и Шампион замина на плус седум, 16-9. На паузата беше 17-10.
Иако во вториот дел, домашните успеаја да намалат на пет гола разлика, сепак Шампион одработи само рутински за убедлив триумф.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Трајков со 11 гола и Мемов со девет, додека 11 гола за Кузман Вардар постигна Нина Милевска.