Јованка Радичевиќ организира камп за млади ракометарки

Една од најдобрите црногорски ракометарки на сите времиња, Јованка Радичевиќ, ова лето за првпат ќе организира камп во Бар за млади ракометарки од 12 до 18 години.

На Радичевиќ, во работата ќе и помагаат хрватскиот тренер Роберт Папиќ, кондицискиот тренер Марко Вукотиќ, спортскиот психолог Татјана Вукотиќ и тренерот на голмани, Горан Симиќ, а гости на кампот ќе бидат познати ракометарки.

„Сите треба да имаат верба дека со добра работи и дисциплина, вашите соништа ќе станат реалност. Така се роди идејата за првиот меѓународен камп ’ЈР4’, бидејќи сакам со младите ракометарки да го поделам своето богато искуство и да им помогнам да го остварат тоа во што вееруваат, односно да им помогнам да го развијат својот талент и да ги мотивирам да почнуваат да сонуваат големи соништа“, вели Радичевиќ.

Кампот ќе биде организиран во две смени, од 19 до 26 јуни, и од 26 јуни до 3 јули.