Репрезентацијата на Турција, која е еден од ривалите на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, денес го игра реванш натпреварот против Луксембург.
Во чест на загинатиот репрезентативец Кемал Кутахја, кој заедно со неговото семејство го загуби животот во катастрофалниот земјотрес, неговите соиграчи ќе играат во брендирана опрема.
Чан Челеби пред дуелот со Луксембург објави емотивна порака на социјалните мрежи и објави дека патиките што ќе ги носи се специјално направени во чест на Кутахја.
На првиот дуел, кој беше одигран пред неколку дена, триумф оствари Турција со гол во последната секунда, триумфираше со 30:29.