Македонската репрезентација во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 пружи голем отпор против Португалија, но остана без бодови, откако селекцијата на Переира триумфираше со 29:23.
Македонија во второто полувреме се врати во игра, направи пресврт, но не го издржа брзиот ритам со гостите.
На дуелот со Португалија настапи членот на Алкалоид, Марко Митев, кој не беше дел од македонската репрезентација на Светското првенство во јануари.
,,Мислам дека не фати замор во последните пет минути, ние до 55 минута бевме во егал натпревар со квалитетен противник. Тие имаат играчи кои играат во многу подобри клубови од нас, сепак, ние сме млада репрезентација и со тек на време би требало да си дојде сѐ како што треба. За вториот дуел ќе се подготвиме добро и ништо не е изгубено”, изјави Митев.
Реванш средбата меѓу Португалија и Македонија се игра на 12 март со почеток во 18:30 часот во Матосињос.