Машката репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Ривал е селекцијата на Португалија, со која ќе биеме битки за првото место во групата што може да донесе повисок ранкинг пред ждрепката за групите на ЕП.
Македонија и Португалија досега имаат одиграно осум натпревари во квалификации за големите натпреварувања, а секогаш победувале домаќините.
Покрај победите на Македонија на домашен терен, Македонија секогаш имала подобра гол разлика во двомечите со денешниот ривал.
Деветтиот натпревар меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.
Меѓусебни средби:
24.09.1997, Португалија – Македонија 32-30 (квалификации за ЕП)
28.09.1997, Македонија – Португалија 33-29 (квалификации за ЕП)
22.10.1998, Португалија – Македонија 26-25 (квалификации за СП)
25.10.1998, Македонија – Португалија 29-26 (квалификации за СП)
17.01.2008, Македонија – Португалија 38-32 (квалификации за СП)
20.01.2008, Португалија – Македонија 31-26 (квалификации за СП)
04.11.2012, Португалија – Македонија 32-25 (квалификации за ЕП)
16.06.2013, Македонија – Португалија 26-19 (квалификации за ЕП)