На хартија е аутсјадер, но на терен Јуниор Кисела Вода игра храбро и без респект, а „нова жртва“ им беа фаворизираниот тим на Скопје. Играчот-тренер, Горан Печенковски со гол во последните секунди му донесе реми на тимот од Кисела Вода, 25-25 во 4 коло од плејаутот.
Ова е нов „кикс“ на тимот предводен од Горан Кузмановски кој претходно загуби на гости кај Вардар Неготино. Јуниор „врза“ два натпревари на кои освојува бодови и сега имаат 4 бода избега од дното каде останаа Струга и Радовиш.
Се до 45 минута домаќините водеа, но потоа гостите првпата поведоа со 18-17, а четири минути подоцна и првпат имаа „плус „2“ за водство 21-19 со голот на Дарио Симоноски.
Во завршницата драмата стигна кога Јуниор имаше водство од 25-24 преку Жарко Барјактаревиќ. Во следниот напад врз пивотменот Дарио Симоноски беше направен пенал. Тој реши да шутира, а неговиот удар го одбрани Никола Радовановиќ.
Скопје имаше напад за победа, но погреши на 12 секунди до крај. Јуниор имаше шанса да организира напад, а Горан Печенковски го постигна голот за реми кој може многу да значи за тимот во борбата за опстанок.
Кај домашните по седум гола постигна Дамјан Јакимовски и Жарко Барјактаревиќ, а Ленид Киселовски даде 6 гола. Во тимот на Јуниор по шест голови дадоа Филип Димевски и Иван Андревски.