Денес со четири одиграни натпревари беше комплетирано последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Како што е веќе познато, директен пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Барселонна, Келце, ПСЖ и Магдебург.
Во осминафиналните двојки ќе има интересни дуели бидејќи Веспрем ќе игра против ПИК Сегед, додека Алборг за пласман во четвртфиналето ќе се бори со најголемиот ривал од домашна сцена, тимот на ГОГ.
Динамо Букурешт за противник во осминафиналето го доби Кил. Интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Нант и Висла Плоцк, која со победата над Порто обезбеди пласман во осминафиналето.
Победникот од дуелот меѓу Веспрем и ПИК Сегед во четвртфиналето ќе игра со полскиот шампион Келце.
Актуелниот европски шампион Барселона за ривал во четвртфиналето ќе го има подобриот од данскиот двобој меѓу Алборг и ГОГ.
ПСЖ во четвртфиналето ќе налета на Динамо или Кил, додека Магдебург за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Нант и Висла Плоцк.