Лазаров одбра 22 ракометари за Португалија, камбек на Танкоски и Велковски!

Селекторот Кире Лазаров го објави скратениот список пред двомечот со Португалија од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Лазаров избра 22 ракометари, од кои потоа ќе треба да одбере 16 кои ќе му спротистават на квалитениот ривал.

Камбек на скратениот список има за десниот бек на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски, кој се рехабилитираше по повредата и одново е на терен.

По долго време, шанса во националниот тим добива и средниот бек на битолчани, Марио Танкоски, а се враќа и Цветан Кузманоски. Шанса добива и десното крило на Вардар, Ален Ќосевски, кој игра во одлична форма во Суперлигата.

Други поголеми изненадувања во составот нема. Собирот на националниот тим ќе биде во недела од 16:00 часот.

Во однос на Светското првенство, Лазаров не смета на Давид Савревски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Првиот меч меѓу Македонија и Португалија ќе се игра на 9 март во Скопје, додека вториот двобој е во Матосињос на 12 март.