Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден ракометар од Вардар Неготино, Вардар, Прилеп, Тиквеш, Kуманово, Еурофарм Пелистер и Јуниор КВ.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ТИКВЕШ – ОХРИД 28-24
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 16-29
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 36-18
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 27-21
ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 26-24
КУМАНОВО – ГОЛДЕН АРТ 26-25
ПРИЛЕП – СТРУГА 31-28
ЈУНИОР КВ – РАДОВИШ 31-21
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Јагош Брауновиќ (Тиквеш) – Заедно со Симиќ, црногорскиот голман беше меѓу најдобрите поединци на теренот во триумфот над неговиот екс клуб.
Лево крило: Дејан Манасков (Вардар) – Со 11 погодоци за шампионот Вардар, левото крило беше најдобар стрелец против Бутел.
Лев бек: Давор Шокоски (Прилеп) – Левиот бек го водеше составот на Реваз Чантурија до победа над стружани.
Среден бек: Владан Кастратовиќ (Куманово) – Црногорецот ја продолжи одличната форма и со десет гола беше најдобар стрелец против Голден Арт
Десен бек: Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино) – Српскиот десен бек покажа дека ќе биде еден од лидерите на неготинскиот тим во битката за опстанок.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Беше меѓу најзаслужните за триумфот над вториот тим на битолчани.
Пивот: Дарио Симоноски (Јуниор КВ) – Кружниот напаѓач одигра одлично и со шест гола го водеше тимот од Кисела Вода до победа над Радовиш.