Пред ждрепките за ЕП – кадетките и младинките во последниот шешир!

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепките за кадетските и младинските ЕП и ЕХФ шампионати во женска конкуренција.

По освојувањето на златниот медал на ЕХФ шампионатот во Литванија во 2021 година, кадетките обезбедија ЕП во двете младински категории.

ЕП за кадетки ќе се игра во Подгорица во Црна Гора од 3 до 13 август, а Македонија е во последниот шешир заедно со Холандија, Србија и Исланд.

Ист е случајот и со младинките кои ждрепката ќе ја чекаат од последниот шешир, а ќе играат на ЕП во Питешти и Миовени во Романија од 6 до 16 јули.

Ждрепката ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот во Виена.

ЕП кадетки (3-13 август, Црна Гора), ждрепка:

шешир 1: Унгарија, Германија, Данска, Хрватска
шешир 2: Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија
шешир 3: Португалија, Франција, Шведска, Чешка
шешир 4: Македонија, Холандија, Србија, Исланд

ЕП младинки (6-16 јули, Романија), ждрепка:

шешир 1: Унгарија, Германија, Данска, Хрватска
шешир 2: Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија
шешир 3: Португалија, Франција, Шведска, Чешка
шешир 4: Македонија, Холандија, Србија, Исланд