Голманот на Пролет, Данило Михајлевиќ имаше одлична партија на голот, но не можеше да го спречи поразот од тимот на Алкалоид.
Тој второто полувреме доби два удари во главата во рок од една минута, сепак издржа херојски и бранеше до крајот на мечот.
Најпрво во 48 минута, десното крило Александар Петковски од пенал го погоди во главата и доби црвен картон.
Потоа и неговата замена, Александар Стојков, со удар од десната крилна позиција, исто така го погоди Михајлевиќ во главата.
Стојков доби казна од две минути, а црногорскиот интернационалец не побара замена и успешно го доврши натпреварот.