Левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 2 коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Кондев освои 40% од гласовите, а второпласираниот Никола Радовановиќ собра околу 38% од гласовите во тесната трка за МВП.
Левото крило на кавадаречкиот тим беше меѓу најдобрите поединци на теренот во победата на гостински терен кај Пролет.
Во трка за МВП беа уште и Марио Танкоски, Дејан Гошевски, Филип Талески, Самоил Ристевски и Никола Стоилевски.