Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Стартуваа разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните ракометари има по еден член од Скопје, Еурофарм Пелистер, Вардар, Тиквеш, Голден Арт и двајца од Еурофарм Пелистер 2.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ОХРИД – ВАРДАР 23-27
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 27-25
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 23-24
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 24-29
РАДОВИШ – ВАРДАР НЕГОТИНО 21-21
ГОЛДЕН АРТ – ЈУНИОР КВ 30-25
СТРУГА – КУМАНОВО 22-27
СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 24-22
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Никола Радовановиќ (Скопје) – Со 16 одбрани меѓу кои многу зицери, беше меѓу најзаслужните за трииумфот над Прилеп.
Лево крило: Дарко Кондев (Тиквеш) – Повратникот на терените одигра одличен натпревар и со четири гола беше меѓу лидерите на мечот со Пролет.
Лев бек: Филип Талески (Вардар) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание на гости кај Охрид со девет погодоци.
Среден бек: Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот беше меѓу подобрите на теренот и меѓу најзаслужните за победата над Алкалоид.
Десен бек: Дејан Гошевски (Голден Арт) – Десниот бек даде 13 голови односно скоро половина за неговиот тим во триумфот над Јуниор КВ.
Десно крило: Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер 2) – Беше меѓу најзаслужните за триумфот над неговиот поранешен тим Бутел Скопје.
Пивот: Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер 2) – Кадетскиот репрезентативец одигра одлична партија, особено во одбраната на мечот против Бутел Скопје.