Во рамки од Европскиот Куп во женска конкуренција, тимот на Михаловце, во кој настапува репрезентативката на Македонија, Александра Коловска избори пласман во полуфиналето со убедливиот триумф над Јарослав, клуб кој го елиминираше Ѓорче Петров во осминафиналето.
Михаловце на првиот одигран дуел забележа висока победа со 37:25 и на реванш средбата можеше да си дозволи и пораз, но не поголем од 12 гола разлика. Јарослав го доби вториот дуел со 29:25, не успеа да направи голем подвиг и остана без место во полуфиналето од Европскиот Куп.
Во полуфиналето пласман обезбедија и екипите на Елче и Гуардес, додека поради земјотресот во Турција беше откажан турскиот двобој меѓу Коњалти и Измир. Токму победникот од овој дуел ќе биде последниот патник во полуфиналето.
За потсетување, во екипата на Коњалти настапува репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска, како и двете екс ракометарки на Вардар, Ивана Гакидова и Алена Ихнева, додека дресот на Измир го носи настапува поранешната ракометарка на Кометал ЃП, Јелиз Озел.
Македонскиот интернационалец во редовите на Јуниор Фасано, Дарио Петровски заедно со клубот од Италија не успеаја да се пласираат во четвртфиналето во Европскиот Куп.
Јуниор Фасано во осминафиналниот дуел против Сесвете на двапати беше поразен. На првиот дуел минимално, 35:34, додека на денешната реванш средба, која беше одиграна во Загреб, домаќините беа убедливи со 35:22 и го заверија пласманот меѓу најдобрите осум екипи.
Освен Сесвте, пласман во четвртфиналето во третото по ранг европско натпреварување обезбедија и екипите на Горење Велење, Дукла Прага, Наербо, Алингсас, Карвина, Рунар и актуелниот шампион на Србија и учесник во СЕХА лигата, Војводина.
Екипите на Борусија Дормунд, Валчеа, Никобинг, Нант, Сола, Турингер, Икаст и Шиофок се тимовите кои од групната фаза во Лига на Европа се пласираа во четвртфиналето.
Безансон, во кој настапува македонската репрезентативка Леонида Гичевска, со пласманот на на 3. позиција во групата А го заврши годинешниот настап на европска сцена.