Актуелниот тренер на Порто и Никола Митревски, Магнус Андерсон, најверојатно ќе го напушти португалскиот клуб по следната сезона.
Искусниот стратег, кој го предводи Порто од 2018 година, има понуда тренерската кариера да ја продолжи во Франција.
Според француските медиуми, поранешниот репрезентативец на Шведска во сезона 2024/25 ќе биде предводник на францускиот суперлигаш Екс ан Прованс.
Моментално, тренер на Екс ан Прованс, клуб кој учествува во Лига на Европа, е Тјери Анти. Францускиот клуб во оваа сезона е меѓу петте најбогати екипи во францускиот шампионат, има буџет од околу 6.000.000 евра.
Швеѓанецот пред да дојде во Порто ги предводеше Гепинген, Малме, Копенгахен…додека на репрезентативно ниво во периодот од 2010 до 2011 година беше селектор на селекцијата на Австрија.