Тимот на АЕК Атина се врати на врвот на табелата во шампионатот на јужниот сосед на Македонија, откако славеше во дербито на 18 коло.
АЕК Атина на домашен терен немаше проблеми против ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов и славеше со 29-20.
Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога АЕК предводен од Стипе Мандалиниќ водеше со 16-12.
Во вториот дел домашните нагазија, го засилија темпото и само ја зголемуваа предноста. Покрај Мандалииќ, кој даде девет гола, се истакна и Лијапис со пет гола во редовите на победникот.
АЕК Атина сега е прв на табелата со 33 бода, Олимпијакос е втор со 32, додека ПАОК е трет со 29 бода, па на четири кола до крајот на регуларниот дел станува максимално интересно во овој шампионат.