Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на Европа.
Двојката од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, ќе го суди мечот меѓу данскиот Скјерн и австриската екипа Алпла Хард.
Овој дуел се игра вечерва во Скјерн од 20:45 часот.
Камер Металари ќе биде делегат во Веспрем, на дуелот меѓу Балатонфуреди и Нексе што се игра денеска од 18:45 часот.
Марјан Начевски, пак, ќе биде делегат на средбата во Прешов, меѓу Татран и францускиот Монпелје, што се игра денеска од 18:45 часот.