Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај составот на Војводина со 29-24 во првото коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига.
Пелистерци потфрлија во второто полувреме, во кое Војводина дојде до поубедлива предност и рутински ја одработи денешната задача. За екипата на Војводина денешната победа против Еурофарм Пелистер беше втора, откако во првото коло успеа да го совлада Нексе Нашице.
Членот на Еурофарм Пелистер, Вилсон Дејвис истакна дека српскиот тим заслужено ја оствари втората победа во новата сезона од регионалното натпреварување.
,,Ракометарите на Војводина беа подобриот тим во денешниот дуел, заслужена беше нивната победа. Ние немавме решение за нивната одбрана. Во моментов чувствувам дека имаме голем проблем да функционираме како тим по толку голема пауза”, изјави Дејвис.
Еурофарм Пелистер во следното коло ќе гостува кај хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе ќе се одигра на 2 февруари, со почеток од 18:00 часот.