Тројца играчи на Холандија се повлекоа од националниот дрес

Репрезентативците на Холандија, Исо Слајтерс, Јаспер Адамс и Џефри Бомхувер решија да се повлечат од националниот дрес на ,,лалињата” и во иднина ќе се посветат само на клупските настапи.

Тројцата споменати ракометари заедно со холандската репрезентација настапија на Светското првенство во Полска и Шведска и ја освоија 14. позиција на шампионатот.

Мундијалот во Полска и Шведска за Слајтерс, Адамс и Бомхувер беше последното големо натпреварување во нивните кариери.

32-годишниот Слајтерс, кој настапува на позицијата лев бек, за репрезентацијата на Холандија одигра 104 натпревари и постигна 191 гол.

Левиот бек Адамс за ,,лалињата” одигра 107 меѓународни натпревари постигнувајќи 206 погодоци, додека левото крило Џефри Бомхувер постигна 246 погодоци на 100 натпревари.