По одигрувањето на четвртфиналните дуели на Светското првенство во Полска и Шведска, денес нема да има натпревари на Мундијалот, бидејќи сите репрезентации кои обезбедија пласман во полуфиналето, како и оние репрезентации кои ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место имаат ден за одмор.
Денес низ Европа ќе се игра во шампионатите на Данска, Израел, Унгарија, Русија, Турција, Шведска…
Свој настап ќе имаат и двете интернационалки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои со тимот на Коњалти ќе се обидат да го изненадат актуелниот шампион на Турција, Кастамону.
Доколку тимот на Јанеска и Гакидова обезбеди триумф, тогаш ќе направи голем исчекор во борбата за шампионската титула во домашниот шампионат.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 КАСТАМОНУ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
14:00 ОМСК – ДИНАМО (РУСИЈА)
18:00 ДЕБРЕЦЕН – БЕКЕШЧАБА (УНГАРИЈА)
18:00 КИШВАРДА – ДУНАЈВАРОШ (УНГАРИЈА)
19:00 ХАПОЕЛ РАМАТ ГАН – АСА ТЕЛ АВИВ (ИЗРАЕЛ)
19:00 СКУРУ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)
19:30 ГУДМЕ – ДХГ (ДАНСКА)