Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за редните броеви на екипите од Женската лига што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот.
Системот на натпреварување оваа сезона е поинаков во однос на ланскиот, па сега се сметаат натпреварите и бодовите што екипите веќе ги одиграле со ривалите од истата група.
Во првото коло од плеј-офот, бранителот на титулата Ѓорче Петров ќе гостува во Битола кај Пелистер, додека вицепрвакот Куманово е домаќин на Овче Поле СУ. Дербито на колото ќе биде двобојот меѓу Вардар и Металург.
Првите натпревари ќе се играат на 11/12 март.
Женска лига, плеј-оф, 1 коло:
Куманово – Овче Поле СУ
Чаир – Стружанка
Пелистер – Ѓорче Петров
Вардар – Металург
Женска лига, плеј-аут, 1 коло:
Гевгелија – Кузман Вардар
Шампион – Астибо
Скопје – Деспина
Спартак слоб.