Унгарија на изненадување на многу ракометни познавачи обезбеди место во четвртфиналето на Мундијалот во Полска и Шведска. Со три победи и два порази се најдоа на второто место во групата и благодарение на триумфот на Шведска над Португалија, Унгарците го потврдија местото во ТОП 8.
Унгарските новинари успеаја да добијат реакции од играчите по мечот меѓу Шведска и Португалија, но тоа не им успеало од прв обид со селекторот Чема Родригез, кој спиел додека се играл мечот кој им донесе место во четвртфиналето на СП.
„Не го гледав мечот. Дознав од нашиот кондициски тренер, кој влезе во мојата соба и ми рече дека сме во четвртфиналето. Нашите натпревари беа толку стресни, па не сакав уште повеќе да доживувам стресови гледајќи ги и другите натпревари. Им честитам на момците. Обезбедивме место во квалификациите за ОИ, но не чека нов предизвик. Ќе играме храбро и ќе се обидеме да продолжиме во ист правец. Ќе дадеме се од себе да се пласираме во полуфиналето. Не смееме да поставуваме лимити пред нас“, изјави Чема.
Унгарците ќе играат со првопласираниот тим од групата 4, во која за првото место битката ќе ја бијат Данска и Египет. Второпласираниот тим од оваа група оди на домаќинот Шведска во четвртфиналето.