Везенковски ги засили редовите на Радовиш

Екипата на Радовиш, која веќе ги започна подготовките за вториот дел од сезона 2022/23, го ангажираше првото засилување за натпреварите од плеј-аут фазата.

Ново име во составот на Радовиш е искусниот среден бек Златко Везенковски, кој ќе биде од голема помош за тимот на Љупче Мијалов.

Везенковски во својата кариера има настапувано за Радовиш и во старо-новиот клуб ќе остане до крајот на сезоната.

Ракометарот од Ресен го носеше дресот и на Прилеп, Пелистер, Зомимак Струмица, Охрид и Преспа.

Со дел од споменатите клубови учествуваше во регионалната СЕХА лига и на европска сцена.

Избраниците на Мијалов во плеј-аут фазата, односно во битката за опстанок ќе играат против екипите на Голден Арт, Скопје, Јуниор КВ, Струга, Прилеп, Куманово и Вардар Неготино.