Slovenia vs Saudi Arabia, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 12.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Словенија и Унгарија доминантно го стартуваа Мундијалот

 

Со премиерниот натпревар помеѓу домаќинот Полска и Франција вчера беше отворено 28-то  Светско првенство во сениорска конкуренција за мажи. Франција извојуваше победа над мотивираните пољаци, а натпреварот ни најави интересен Мундијал во периодот кој престои.

Денеска со почеток од 18:00 часот беа одиграни четири дуели во кои немаше изненадувања. Словенија со висока победа од 33-19  над Саудиска Арабија го стартуваше Мундијалот, додека пак Унгарија предводена од шпанецот Чема Родригес славеше над Јужна Кореја со 35-27. Голем триумф оствари и селекцијата на Иран предводена од Веселин Вујовиќ која славеше над Чиле со 25-24.

Словенија-Саудиска Арабија 33-19 (8-16)

Репрезентацијата на Словенија со убедлив триумф од 33-19 (8-16) над Саудиска Арабија го стартуваше Мундијалот во Полска и Шведска. Ракометарите на Урош Зорман oдиграа рутинирано против послабиот противник не давајќи му тронка надеж за евентуално изненадување.

Овничек го отвори резултатот за прво водство на словенците, а саудијците вратија за израмнување. Од тој момент постоеше само еден тим на натпреварот, репрезентацијата на Словенија. Момците на Зорман доминираа на теренот и од минута во минута ја зголемуваа предноста. Предводени од дуото Влах-Доленец, словенците веќе по пет минути  имаа предност од 4-1 а како одминуваше времето успешно ја казнуваа секоја грешка на противникот. Со таков ритам веќе по дваесетина минути од првиот дел разликата беше двоцифрена 15-5. До крајот на полувремето Саудијците успеаа да намалат два гола од најголемата негатиза за конечни 16-8.

Во второто полувреме Словенците без никакви проблеми ја одржуваa високата предност. Данецот Питлик кој е на клупата на Саудиска Арабија се обидуваше да ја врати својата репрезентација во мечот но безуспешно. Словенија најчесто преку контранапади го пронаоѓаше патот до противничката мрежа, што резултираше со убедлив триумф од 33-19.

Најпрецизни во репрезентацијата на Словенија беа Јанц и Овничек со 6 погодоци.

Останати резултати:

Унгарија -Јужна Кореја 35-27  (21-11)

Иран-Чиле 25-24 (13-11) 

Зеленортски острови-Уругвај 33-25  (17-11)